изведбата на подното греење е малку по комплицирана одколку што обичниот корисник мисли дека е. Не е само да се стават цевки во подот и да се грееме. Тоа е последниот чин од поставувањето на целиот систем за подно греење. Постојат два типа на подно-топловодно греење а тоа се практично условите во кои тоа се поставува: едниот е за единствено греење кое е елементарно греење на целиот објект а второто е греење на површини кои се покрени со плочка, мермер или камен и во нив се вградува греење доволно колку да не бидат ладни. првата опција не ја одобрувааат ниту еден од лекарските козилиуми а воедно и сите стручни термичари ќе ви го објаснат истото дека подното греење не е економично бидејки контролата на топлинската енергија не е на ниво како кај радијаторското. Што се однесува до втората опција за подното греење, каде тоа се поставува само за да го држи нивото на ладните површини доволно топло за да може човек да згази со боса нога или МАЛИ ДЕЦА ДА ЛАЗАТ по него без да има некакви последици. Проектирањето на енергијата потребна и за двете е комплексна во која треба да се согледаат дебелината на кошулицата, условите на греење, материјалот, собната температура, позиција на објектот, системот за греење па на крај да се добие проценка за избор на цевки, количина на енергија, густина на поставување и секако на крај потребна е вентилско-сензонрска контрола за истото. НАПОМЕНА: поголема температура од 40степени на цевките ќе резултира со дробење на бетонот, одлепување на плочки, искривување на ламинат, патос или паркет. следат неколку слики од изведени подни греење од КАНО тимот:

На долните слики е прикажано комбинирано подно греење. Значи радијаторско греење плус подно греење каде што има цврсти подови (плочки, мермер или камен)