Поставувањето на цевки со надворешна инсталација е решение кое е последно т.е. кога веќе објектот се користи и функционира но одпосле се одлучува за радијаторското греење. Познати се неколку начини т.е. типови на цевка за надворешна инсталација а тоа се: бакар, железна (црна) цевка и алупласт. Она што КАНО тимот го одбира да ви го посочи како нај добра солуција е алупластот. Тој е бел, тенок, лесно приспособлив на секоја кривина (постои специјален алат за виткање) може во секое време да се офарба, исчисти и нај битното е дека лесно се надградува и/или додава по потреба. Нема заварувања (пламен, искри од брусилица) додека се монтира. се е со спојки и спојници. Исто така лесен е за фарбање и не се лупи, па така може да се офарба со истата бојакако и зидот. Алупластот на наш пазар го има на многу места, за жал, само од неколку добавувачи ристигнува кај нас квалитетен (секако и поскап) алупласт, кој е со многу силна и долга гаранција, а ние точно тој го нудиме, бидејки на нас ни е битно клиентот да биде задоволен, и да нема поплаки од цевна инсталација.