Ова е нај добриот начин за поставување на цевки. Во опција се сите нво градби и/или куќи и станови кои се реновираат комплетно. Цевката се поставува врз плочаа а е притегната со бетонот од кошулицата. Истата е сместена во втор слој на пвц цевка која е воедно и изолација а и се стега со бетонот, па со самото тоа на носечката цевка и остава да биде слободна и комотна, да не трпи никакви напрагања, заштитена од мехаички оштетувања, а воедно да биде лесно изменлива. Постои специјален алат за промена на цеваката во подот доколку дојде до било какво механичко оштетување.

Цевките за секој радијатор вака поставени тргнуваат од едно заедничко орманче со колектори и по нај краток пат ситагаат до радијаторите, со самото тоа се штеди на цевки, количина на вода за греење а од естетскиот дел може да се каже дека во зависност од изборот на вентилите цевките се гледаат само кај радијаторито во должина од 10 сантиметри до максимум 50.

Се користи и инсталира пекс или алупекс цевка. Проверени и тестирани цевки на издржливост помеѓу 90 и 120 степени како и притисоци помеѓу 6 и 12 бари.

првата слика е за време на монтажа на цевките а втората е кога ќе се заврши со целокупната монтажа.