Кано тимот проектира и изведува инсталации за парно греење. Секој проект е бесплатен доколку се одлучите за поставување на КАНО систем. Има 3 типа на инсталации:

  • Сокриена инсталација (во кошулица и под паркет) која е нај добра бидејки сите цевки се изолирани
  • Надворешна инсталација, каде што цевките се надвор.
  • Подно греење.

Првата опција е изводлива на ново градби и објекти кои се реновираат и не се вселени. Се користи ПЕКС цевка-во цевка. Ова значи дека се поставува пластична цевка со високи перформанси на издржливост на температури и притисоци. Сите цевки идат до секој радијатор поединечно а се собираат во едно орманче со колектори-собирачи, кое е вградено во зид. Со тоа цевките се сокриени и заштитени, а и со сигурност е дека целата топлинска енергија ќе заврши во радијаторите. Во случај да дојде некаков дефект или пукање на цевката таа се менува многу лесно, без никакво копање. Со специјален алат, на едниот крај се поврзува со нова цевка и се менува влечејки ја старата.

Втората опција е за објекти што се вселени и се живее во нив. Проектот се изведува според распоредот на собите со надворешни цевки АЛУПЛАСТ. Ова подразбира трослојна цевка пластика-алуминиум-пластика, повторно цевка со високи перформанси за надворешни влијанија при високи температури и притисоци. За станови до 100 квадрати, КАНО тимот влегува (монтира, буши, инсталира и пушта во употреба) и изглегува за 1 ден. За поголеми или помали ама комплицирани објекти се прави пресметка за потрошеното време меѓутоа пак не се повеќе од 2 дена.

Третата опција всушност и нее опција за инсталација, повеќе е како опција за начин на греење, меѓутоа условите за инсталирање се претежно на нови објекти, каде што не е излеана кошулица, бидејки подното греење се монтира во кошулицата меѓутоа над термичката изолација на подот.

За повеќе детали изберете:

Кано тимот прави и подготовка за сончеви системи. Тоа значи дека можеме да поставиме електрична инсталација и цевна инсталација за поставување на сончев систем. Кано тимот проектира и изведува сончеви системи, меѓутоа можеме и само да поставиме цевна и електрична инсталација, ако се земе во предвид дека не е ниска инвестицијата за поставување на сончев систем и не се сите спремни да го платат и тоа веднаш додека градат, па затоа се поставува цевна инсталација за да нема копање и кршење накнадно, т.е. да биде подготвено се.

Бесплатна термичка проверка и контрола на постоечка инсталација и нејзината исправност за сите што ќе се одлучат својот постоечки котел да го заменат со КАНО систем. Доколку сакате може и постоечките котли да си останат а кано системот да се додаде на целиот систем.Исто така добивате и бесплатно хемиско чистење на инсталацијата и радијаторите. Тоа е чистење на целокупната инсталација од внатре. На хемиски начин се отстрануваат сите маснотии, талози од каменец, парафини и нај битно целата корозија на радијатори и цевки, така што практично целата инсталација ке се поднови или ќе се врати на ниво како кога била нова.