Ова е котел кој е доста сличен на КАНО системот на изглед, но сепак е многу различен по функционирање. Прво и основно работи на вода од чешма и сода бикабона или на некакви соли. Таква му е конструкцијата на металот. Доколку не знаете ние ќе ви појасниме што значи користење на руска подморница и во водата измешано од содата или солта и што ќе се случи со вашите радијатори. Тоа се високо нагризувачки материјали, кои со помош на топлината го нагризуваат металот па така нови радијатори може да ги продупчи (изгори и/или стопи металот) за 2 до 5 години. Сите познати светски брендови на радијатори и елементи имаат тестинг лабараторија за рекламирани-протечени радијатори и ако е во прашање сода, сол или каменец гаранцијата не важи. И секако еден битен момент е дека руските подморници трошат скоро исто како електричниот котел, а тоа значи дека иако се евтини не се никако економични. Руската подморница е уствари производ од крагуевац (србија) кој поради маркетингшки моменти го добил називот РУСКА ПОДМОРНИЦА, иако нема никаква допирна точка со Русија. Колку за информација, Германците први во своите подморници користеле вакви слични сонди и за греење и тоа користејки ја солената морска вода како флуид. Не би сакале да го имате ова дома. Всушност и тука уште еднаш се докажува народната поговорка која гласи дека ако не знаеш дали е добро и квалитетно, види му ја цената па тогаш замисли си ги последиците или добитите.

Исто така, поради истиве причини, руската подморница е нешто што е со доста краток рок на траење. Еден работен век на руска подморница трае од 2 до 5 години, но во нај чест случај, првите симптоми на неправилно работење се појавуваат уште при крајот на втората или почеток на третата година т.е.грејна сезона. Нај често се манифестира со високи амперажи, исклучување т.е. топење на осигурачи и во доста чести ситуации и ПАЛЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА МРЕЖА, каблови, контакти, па со самото тоа доведување во опасност од пожар на објектот.