Котелот на плин е исто така лош искористувач на топлинска енергија. Една битна забуна кај луѓето е што сите одма компарираат со тоа како САД, Канада и други светски имиња се греат на плин. Но тие два плина (гасови) се комплетно различчни:
1. Прво и основно во сад, канада и останатите прекуокенаски земји, со плин греат метална решетка и воздух, а потоа тој воздух со силни вентилатори се распоредува низ метални цевки/канали насекаде низ домот. Значи, се греат со топол воздух кој е загреан директно од метал (кој личи на ладилник од кола и е огромен по димензии) кој е загреан од пламен на плин. На овој начин искористувањето на топлинската енергија е на доста виско ниво со котлите на гас или плин. Овдека кај нас дискутираме за греење на вода, и радијатори а не воздух.
2. Во погоре наведените земји, како плин всушност се користи CNG односно метан, а кај нас се користи TNG односно течен нафтен гас. помеѓу едниот и друигот плин (гас) единствена иста и заедничка работае е што се заплливи гасови И НИШТО ДРУГО. Сосема различни и по состав и по перформанси на температура, по начин на складишење односно дистрибуција и на крај комплетно различни по ефектив.

Во суштина котелот на плин и навта не се многу различни еден од друг со искористувањето на енергијата па и со потрошувачката гледано во пари. Различни се само по опасноста при експлоатирање. За да се користи котел на внатрешно согорување треба и резервоар. Ај сега сватете дека треба дома да сместите резервоар со минимум 1 тон плин или за поголеми објекти и до 10 тони. Значи 10 тони ЕКСТРЕМНО запалива супстанција под доста висок притисок седи и чека да пукне т.е. експлодира во секој момент. Има примери на телевизија покажани како изгледа кога една мала боцичка од 10 литри ќе експлодира, со која разорна моќност е. Цели зидови руши таа една боца од 10 литри, а 1 тон??? а 10 тони??? На примерот доле левиот котел е за домакинство (по димензии е скоро двојно поголем од електричен котел) а десниот индустриски или за поголеми површини.