Евтин енергенс, барем досега, а очигледно е дека и тој веќе пораснува со сериозно големи суми за еден кубик. Меѓутоа нема контрола на ослободување на топлина или тоа е ептен минимално и скоро па непрактично. Едноставно пламенот и дрвото (јагленот) горат и тоа е тоа. Негативности му се што треба некој да е целодневно задолжен за негово регулирање, додавање на дрва или јаглен, чистење на оџаци и пепел, а да не дискутираме за опасностите од моноксидно труење, ако се деси да оџакот има слаб цуг. И исто како и кај котелот на нафта, така и овој котел е страшно низок искористувач на топлинската енергија како и издувните гасови кои се испуштаат во атмосверата се крајно не еколошки.

Понатака исто, една голема опасност е ако нема квалитетна заштита поставено за во случај да запре циркулационата пумпа. Запирањето е можно од 3 разчлични причини:

  1. дефект,
  2. снемало струја,
  3. страно тело да влета во пумпата,
  4. паднал притисокот а не сте приметиле, па се создал воздушен меур околу пумпата.

Во секој од четирите случаи, многу лесно може да се случи експлозија или пак во нај мала рака поголема материјална штета, но секако и опасност по човековиот живот или здравје.
Водата во котелот се загрева за неполни 30 секунди на температури од преку 120 степени и притисоци какви неможете ни да замислите. Од друга страна заштитите за ова се премногу скапи и скоро никој не е спремен да даде пари за заштита исто колку и што котелот го купил, па лугето стануваат жртви на лажни и/или мини заштити.