Компарирано со електричен котел… КАНО системот троши половина од електричната енергија што би ја потрошил електричен котел за да го постигне потполно истиот ефект, или за 1 килователектрична енергија добивате околу 0,98 киловати топлинска енергија. Ова е коефициент најдобар до сега, додека електричниот котел има коефициент во просек 1:0,5. разликата во потрошувачката се појавува во начинот на загревање на водата. Иако се и двата системи на струја, приодот и техниката на загравање кај електричниот котел е стандарден начин на греење на вода со греач. Електричната енергија, конвертирана во топлинска има вкупно 5 бариери – пречки, кои треба да ги помине пред да стигне во водата. Додека кај кај КАНО системот самата течност која циркулира низ радијаторите е греач. Плус, да не забравиме дека котелот на струја е доста масивен, зафаќа голем простор, тежок е за одржување (ако недај боже прегори греач или реле, а често прегорува) а во зависност од монтерите, многу често знае да биде и грда слика во вашиот дом, испреплетена со цевки и слично.

Воедно, сопствениците на овие котли од горниве 3 слики, се одлучија да го заменат постоечкиот електричен котел со неговата заменска снага на КАНО системот, па така долните 3 слики се изгледот откако е завршена замената. Под долните слики има компарација со силата, снагата и потрошувачката.

  1. Првата слика е котел од 18 киловати. Сопственикот има куќа со слаба (никаква) изолација и грејна површина од 130 метри квадратни и на негово место е вграден систем КАНО-2 со номинална снага од 8 киловати. Значи намалување од 18 на 8 киловати.
  2. Втората слика е котел од 24 киловати. Сопственикот има куќа со сендвич зидови и грејна површина од 200 метри квадратни и на негово место е поставен систем КАНО-3 со номинална снага од 13,5 киловати. Значи намалување од 24 на 13,5 киловати.
  3. На третата последна слика, сопственокот има грејна површина од 500 метри квадратни, демит фасада и котел кој бил 24 киловати, па појачан да биде 36 киловати бидејки не задоволувал. Откако ни со таа снага не успеал да задоволи (по нашите пресметки би загреал се со снага од 48 киловати), сопственикот го повика КАНО тимот за консултација и решение. После сите пресметки и сослушување на желбите, на негово место е поставен систем КАНО-6 и номинална снага од 22 киловати. Значи намалување од 48 на 22 киловати.

Да ја преполовиш сметката за греење не е воопшто мала заштеда. Секој заштеден киловат е пари, а кога е во прашање греењето, може да се заштедат сериозен број на киловати, а притоа да не се наруши или поремети досегашниот комодитет на користење на радијаторите.