Кано инжинеринг, монтира, сервисира и одржува сите типови и модели на соларни системи.

Зашто соларен систем и како тој функционира?
Од 12 месеци, во Македонија скоро 10,5 се сончеви денови. Тоа значи дека коефициентот на искористливост на соларниот систем квотира на доста високо ниво. Со правилно поставување на истиот, ке може да имате БЕСПЛАТНА ТОПЛА ВОДА дури и во зимскиот период. Не е битно дали е декември или јули, доколку се појави сонце, соларот веднаш почнува да ги користи сончевите зраци и да произведува топлинска енергија.

Еден правилен сончев систем-колектор би изгледал одприлика вака: на кров се поставуваат соодветен број на панел колектори според големината на бојлерот. Потоа тука е автоматиката која ја чита диференцијата на температури помеѓу бојлерот и панелите. Одтука кога ке одчита диференција на колекторите во однос на бојлерот поголема од зададена температура, ја вклучува пумпата која почнува да друка загреана течност низ топлинскиот изменувач во бојлерот. Во тој момент тој топлински изменувач има улога потполно иста како и електричниот греач во бојлерот, само што овој не троши никаква енергија за да ја загрее водата во бојлерот, освен сончевите зраци кои се бесплатни. Секако, тука се и дополнителните и непоходни елементи, без кои не би функционирал системот правилно, како што се експанзионен сад, автоматски обезвоздушувачи (лончиња) топчести вентили, мини вентили и слично…

Со правилно поставување на водоводна инсталација, може да се заштеди многу повеке отколку само топла вода за бањање и хигиена низ домот. На пример, може да се доведе топла вода до машината за садови и машината за веш. со мешач на води ке се има регулацијата на влезна топлина во апаратот. Кога апаратот ке прими топла вода, нема потреба понатака да грее со обичен греач за да догрева. Тоа е исто така голема заштеда на струја, а и многу голема заштеда на уредот. Нема да фаќа каменец, и работниот век ке му се продолжи двојно повеке, т.е. ке трае доста подолго.

Искористете ја сончевата енергија, бесплатна е, а многу е квалитетна и пред се ЕКОЛОШКА!!! Го штеди вашиот џеб од секој поглед.

Кано инжинеринг НЕ наплатува за технички консултации, како и за изведба на идејно решение т.е. проект за соларни системи. Нашите консултации се комплетно бесплатни. Доаѓањето на објект за понуда е бесплатно за Скопје, а за другите градови се наплатува само за реалните патни трошоци.

Изборот за бојлер ке биде според вашите потреби. Има повеке типови и модели, како и литражи (зафатнини). Постојат бојлери само за солар, само за парно или комбинирани. Постојат бојлери со змија изменувач или со бојлер во бојлер или и двата еден во друг. значи според потребите.

Напомена, соларните системи служат за добивање на топла санитарна вода, а не за домашно греење на простории. Кано инжинеринг има изведено соларен систем за греење на простории, но зафатот е многу голем и не е лесен за изведување. Секако на крајот е големо прашање за искористливоста на инвестицијата и повратот на инвестираните средства. Не дека не се враќа инвестицијата но тоа е на доста долги стази, односно временскиот период до враќање на инвестицијата и експлоатирање на истото во форма на економичност во однос на реалното е доста голем. Во тој поглед-враќање на инвестицијата, збориме за временски период мерен во децении а не години, додека соларен систем за топла санитарна вода се враќа како инвестиција за период од 3 до 7 години, зависно нели од неговата експлоатација, како и бројот на луѓе што го користат, односно, колку по голем соларен систем, толку по бразо се враќаат парите инвестирани во него.