Кано инжинеринг нуди пакет за годишно одржување на Кано Системите како и на сите други радијаторски инсталации. На прво место се системите наши. Во пакетот следува обавезна контрола на системот 2 пати годишно, и тоа еднаш пред почетокот на грејната сезона и еднаш за време на грејната сезона. При таа контрола, се врши дополнување на целиот систем, контрола и подесување на амперажата, како и обезводушување на сите радиајтори како и целата цевна инсталација. Во овој пакет следи и бесплатна раб. рака доколку се деси некаков (било каков) дефект на инсталацијата, ке го платите само делот кој треба да се смени, а наша работа е да го смениме бесплатно. Покрај сето ова, имајте на ум дека доаѓаат кај вас дома стручни лица кои стручно ке го проверат вашето парно греење и уште пред вие да знаете, ако има некаков затаен проблем ке го решат, пред истиот да стане поголем.

Да се знае… договорите за тековно одржување склучуваме исклучиво во летниот период. Да се знае и дека, не е фиксна цената за одржување, зависи до бројот на системите што ги имате, и секако нивната големина…