Низ радијаторите и инсталацијата тече посебна течност-електролит кој е во суштина 95-97% дестилирана вода а 3-5% специјален концентрат. Концентратот е пак од друга страна составенод 17 различни состојки. Се вкупно се добива еден електролит кој ги има следниве својства:

  1. Преносот на топлинската енергија од котелот до радијаторите е со скоро никаква загуба за разлика од класичната вода
  2. Секое место каде што го допира електролитот си поставува свој слој т.е. го емајлира протокот со свој слој и со тоа го запира стареењето на материјалите.
  3. Го продолжува векот на радијаторите и инсталацијата.
  4. Не е отровен
  5. Нема лоши и/или канцерогени испарувања
  6. Не се уништува, напротив колку е по стар толку е подобар.

1* Преносот на топлинската енергија од котел до радијатори (или фен којлери) е доста битен бидејки загубите по патно знаат да достигнат и до 10-12%. Тие загуби се елиминирани со помош токму на овој електролит. Многу луѓе грешат кога тврдат дека цевките исто така припомогнуваат да се добие на квалитетно греење во просторот. Да се потсетиме на еден закон од физика каде вели дека топлинската енергија се качува нагоре а во долната зона е нај ладното. Е па во најчести ситуации е цевките да се наоѓаат токму во таа долна, т.е. нај ладна зона и истите како такви не се доволно моќни да ослободат топлина за да загреат околу себе.

2* Конструкцијата/концептот на електролитот е да работи во многу чиста средина. Значи без никакви маснотии, каменец, р’ѓа, парафини и било какви оксидирани материјали. Електролитот ќе ги исчисти тие нечистотии и бувално ќе се залепи за материјалите. Тој низ нечистотиите продира и се врзува директно за основниот материјал. Со тоа тој поставува една врска каде не дозволува понатамошно брзо стареење на материјалите.

3* (ова суштина е продолжување од погоре) Да компарираме: ако еден радијатор, од фабрика има гаранција на 10 години, тој нај веројатно ќе работи околу 20 години пред да се распадне т.е. протече. Со поврзувањето на електролитот и успорувањето на стареењето, тој радијатор ќе трае минимум дупло подолго или минимум 40 години.