Во овој систем нема греачи. Иако е на струја, ова е катодно аноден систем, каде струјата се придвижува помеѓу две електроди. Ова значи дека нема што да прегори.

  1. Системот КАНО е прецизна изработка и обработка од врвни материјали. Суштината на неговото работење е нешто слично на целосна електролиза, само без распаѓање т.е. разложување на течностите и цврстите материјали, што во суштина е проблем кај електролизата. Перфектниот состав на хемиските елементи е оној што го прави овој систем идеален бидејки имаме контрлирано протекување на електрична енергија низ флуидот и со самото тоа, контолирана потрошувачка и акција на сегментите.
  2. Следно што е битно за овој систем е дека од внатрешна страна на инсталацијата флуидот поставува еден тенок слој на емулгација буквално на се што допира (радијатори, цевки, вентили, спојки, експанзионата и тн…). Тоа значи дека со залепувањето на тој слој се успорува процесот на стареење на материјалите за 50% односно векот на трање на истите се зголемува и за двојно повеќе. Пример: ако еден радијатор од фабрика и нивните инженери заклучиле дека тој треба да добие гаранција од 10 години, тоа значи дека веројатно истиот тој ќе трае 20 гоини. Со експлоатирање на КАНО системот и неговиот флуид, истиот тој радијатор ќе трае двојно повеќе т.е. 40 години.
  3. Заштитата на системот е на неколку нивоа:
    • максималниот притисок е лимитиран на 3 бари
    • заштита од прекин на греењ доколку се случи да течноста истече надвор од инсталација (пукната цевка, вентил, спојка или било што), системот автоматски се гаси, наместо што постојните котли продолжуваат да грејат и опасноста од пукање, експлозија или во нај мала рака сериозен дефект е голема. Оваква заштита нема ниеден познат систем.
    • системот е конструиран да се изгаси долку циркулационата пумпа застане (дефект, снемало една фаза или заглавила од нешто) и оваа заштита ја нема ниеден систем.
  4. Избор на корисна фаза е сериски додаток на сите КАНО системи. Тоа го нема ниеден друг систем за греење. Фукционира со рачна команда на копче кое со само едно стискање се променува активната фаза. Служи за во случаеви кога една фаза ќе снема (многу честа ситуација кај нас во државата), и таа фаза баш ќе се погоди на пумпата. Со едно стискање на копчето, ја префрлувате пумпата заедно со термостатите и волт метарот на следната, присутна фаза.
  5. Покрај сите досегашни разлики и бонитети во однос на другите системи, КАНО системот повторно е единствен систем на кој ќе можете да ја отчитате состојбата и квалитетот на струјата што ја добивате дома и воедно и струјата што ја трошите за греење во моментот. Тоа се постигнува преку инструментите кои се поставени во таблата, волтметри и амперметри.