КАНО системот е составенод 2 дела.

А) Првиот е КАНО таблата-мозокот т.е. контролерот автоматски на целиот систем кој има инструменти за контрола и поврзување на истиот. Во нејзе се поврзани сите кабли од сите елементи кои го сочинуваат овој систем целина како и доводниот-напонски кабел:

Сондите, пумпата, собниот термостат (за контрола на собна температура), котелски термостат (за температура на радијаторите), доводот на струја.

Таблата може да биде во неколку различни изгледи и димензии, секако во зависност од потребите на КАНО котлето како и од локацијата на истата. Значи дали е системот со 1, 2, 3 или повеќе сонди, како и од тоа дали локацијата на монтажа треба да биде со заштита од влага или не. КАНО таблата има избор за контрола на вклучување и исклучување на секоја сонда поединечно. Тоа значи дека може да се исклучи некоја сонда по потреба, доколку не се грее целиот објект (затворени радијатори, вертикали или пак цел спрат). Исто така КАНО таблата има нешто што ниеден друг систем го нема, а тоа е избор на фаза за пумпата и термостатите. Тоа значи дека ако снема една фаза (а тоа често се случува во зимскиот период) со стискање на едно копче, автоматски се префрлуваат на следната фаза и системот продолжува да работи. Поради специфичноста на системот, КАНО таблата е конструирана да ја изгасне целата струја доколку се деси пумпата да застане.

Во КАНО таблата има врвни лабараториски инструменти кои покажуваат ампеража и волтажа, односно моменталната јачина на напонот и моменталното повлекување на струја (потрошена ел. енергија) на целиот систем. Оваа табла е единствената табла која може да ви покаже колку струја трошите за греење во моментот и со каков квалитет е истата. Амперметрите го покажуват моменталното повлекување на киловати за секоја сонда поединачно-посебно додека волтметарот ја покажува струјата што ја добивате на парното меѓутоа и за цел објект, т.е. каква струја ви испорачува вашиот електро снабдувач.

Б) КАНО котлето е спој на пумпа, инструменти за контрола и заштита и КАНО сондите. Според потребата на објектот, толкав е и бројот на сондите. Една сонда има логаритамско повлекување на струја. Тоа значи дека во различна температура на загревање има различно повлекување на струја. Да речеме дека на 20 целзиусови степени една сонда повлекува 2 киловати, додека на 60 степени повлекува 4 киловати. Тоа значи дека има средна потрошувачка од 3 киловати. Колку за компарација вреди да се каже дека систем КАНО 1 е за простор (стан, канцеларија) со површина до 80 квадрати.Тоа не значи дека не може на помали… може и за 30 квадрати, нормално дека побрзо ќе загрее и побрзо ќе исклучи а воедно и на помал напон (помала потрошувачка) ќе работи и севкупно помалку ќе потроши компарирано со станот од 80 квадрати.