Кано ЗИП систем – комплетно нов систем за греење

Кано Инжинеринг внесува комплетно нов систем за греење кој е идеален и наменет е само за едноцевните системи (до 110 квадрати) или за двоцевни системи во помали деловни простории (до 50 квадрати максимум). Така сега сите кои се приклучени на топлификација (градско парно), или пак имаат некаква потреба од издвојување на своето парно (спрат од куќа, дел од стан) а имаат едноцевен систем или помал деловен простор со двоцевен систем, а сакаат да имаат сопствено парно и да се исклучат од централното или заедничкото греење и да постават свој систем за греење, во пресрет ви излегуваме со нај новиот модел од Кано системите т.е.  Кано ЗИП системот, наменет токму за вас. Повторно како и досега, на инсталацијата прво се прави хемиско перење и третман за чистење од наслаги и корозија, потоа се полни со специјален електролит од наше производство, и со само 6 киловати (за површини до 65 квадрати) или 9 киловати (за површини од 55 до 110 квадрати однососно двоцевни до 50 квадрати) ке добиете греење кое можете да го контролирате со собен термостат како и избор на температурата на радијаторите. Максимална можна температура е 90 степени на радијатори, секако по ваша желба, вие ја местите да биде колку сакате, во принцип ќе се ориентирате според надворешната температура, т.е. колку е ладно надвор.